Дома Трансфер зона Милан се договори со Миленковиќ

Милан се договори со Миленковиќ

Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец во зимскиот преоден рок поради повредата на Симон Кјаер.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва желба е дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, кој и во летниот преоден рок беше на мета на „росонерите“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Милан веќе започнал преговори, па се верува дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансфер вреден 15 милиони евра.

Српскиот дефанзивец веќе постигнал комплетен договор со „росонерите“ за 4 и пол годишна соработката и инсистира да се пресели на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…