Дома Фудбал Останато Милан против Шкендија без едно од најголемите засилувања

Милан против Шкендија без едно од најголемите засилувања

Милан ова лето беше еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, но сепак на стартот од сезоната тие би можеле да се соочат со отсуство на едно од своите најголеми засилувања.

Поради повреда, Лукас Биља најверојатно ќе отсутвува од терените еден месец.

Фудбалерот кој пристигна од Лацио сеуште го нема официјалното деби за овој клуб, а тоа изгледа ќе биде одложено. Во прашање е задната ложа на Аргентинецот, па според тоа тој сигурно ќе го пропушти двомечот против нашиот претставник во плеј-офот од Лигата на Европа, екипата на Шкендија, како и натпреварот против Кротоне од Серија А.

Познато е дека позицијата централен играч за врска им беше голем проблем на „росонерите“ се зборуваше дека покрај Биља ќе биде доведен уште еден фудбалер на таа позиција, но тоа сеуште не се случило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…