Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде алтернатива за Жиру.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во летниот преоден рок беше доведен Лука Јовиќ на позајмица, но не ги оправдува очекувањата, па „росонерите“ сакаат да доведат врвен напаѓач.
Прво име на списокот е напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, кој оваа сезона се промовираше во еден од најефикасните напаѓачи во Европа.
Гираси во својот договор има откупна клазула од 18.5 милиони евра, која Милан е спремен да ја плати во јануари.
Раководството на Милан започнало преговори со Штутгарт и сака што побрзо да го договори трансферот за да ја победи конкуренцијата.
#Calciomercato | @acmilan, previsti nuovi contatti con lo @VfB per Serhou #Guirassy: i dettaglihttps://t.co/ZUIIcPLZOY
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) December 27, 2023