Раководството на Милан одбило две понуди за крилото Петер Хауге во јануарскиот преоден рок, пренесува „Газета дело Спорт“.
Хауге во септември се пресели во Милан и добиваше шанса во првиот дел од сезоната, но „росонерите“ не го пријавија за настап во Лига Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21-годишниот Норвежанец важи за голем талент, а за него испратиле понуди Баер Леверкузен и Саутемптон.
Двата клуба го бараше Хауге на позајмица до крајот на сезоната и му нудеше поголема минутажа од таа која ја добива во Милан.
Сепак, тренерот Пиоли не сакал да се раздели со крилниот напаѓач, па „росонерите“ ги одбиле двете понуди.
Хауге пристигна во Милан од Бодо за 4 милиони евра и веднаш го покажа својот талент на „Сан Сиро“.