Милан со новите сопственици ќе биде многу активен во летниот трансфер период, а приоритет ќе бидат засилувањата во средниот ред.
Италијанските медиуми пренесуваат дека покрај Фабрегас, кој е главна мета, „росонерите“ се заинтересирани и за екс играчот на Интер, Матео Ковачиќ.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Хрватот е голема желба на Монтела и смета дека ќе биде одлично засилување за неговиот тим, па раководството е спремно да ја исполни желбата на тренерот.
Ковачиќ не е задоволен од својот статус во Мадрид и многу веројатно дека ова лето може да ја промени средината, а медиумите тврдат дека Милан е спремен да плати 30 милиони евра за неговиот потпис.