Милан е сигурно еден од најактивните клубови во овој трансфер период, па медиумите денес потврдија дека „росонерите“ го договориле седмото засилување.
„Росонерите“ вчера го имаа првиот собир и орвиот тренинг, па пред тренинг кампот имаше неверојатна еуфорија и околу 5.000 фанови ги поздравија новите засилување.
Веќе денес ќе пристигне ново, седмо засилување на „Сан Сиро“, а станува збор за бекот на Аталанта и италијански репрезентативец Андреа Конти.
Еден од најталентираните десни бекови ќе пристигне во Милано попладнево каде треба да ги помине рутинските медицински прегледи, а потоа и официјално да стане нов член на „росонерите“.
Милан на Аталанта за потписот на Конти ќе и плати 24 милиони евра, а играчот ќе потпише 5-годишен договор според кој ќе заработува 2 милиони евра по сезона.