Дома Фудбал Италија Милан незадржлив и без Ибрахимовиќ?

Милан незадржлив и без Ибрахимовиќ?

Милан продолжува со одличните партии, па денес на Сан Сиро падна и Фиорентина со 2:0.

Иако во тимот ги немаше Ибрахимовиќ и Бенасер поради повреди, сепак „росонерите“ лесно дојдоа до трите бода против Фиорентина.

Од самиот старт Милан тргна фуриозно и дојде до водство во 17-та минута, откако Ромањоли погоди после еден корнер. Неколку минути подоцна Кеси зголеми на 2:0 од белата точка.

Истиот играч имаше можност и за втор гол од белата точка, но Драговски го одбрани неговиот удар, па „росонерите“ рутински го одиграа мечот до крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…