Милан му поставил ултиматум на Кеси во следните две месеци да даде конечен одговор за понудата за нов договор, пренесуваат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Кеси истекува на крајот на сезоната и двете страни се далеку од договор, па Милан го губи трпението и веќе почна да бара негова замена.




Милан покажува сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, кој е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска.




21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па Милан може да го донесе без обештетување.