Дома Фудбал Италија Милан мисли на иднината – го „блиндира“ младиот дефанзивец

Милан мисли на иднината – го „блиндира“ младиот дефанзивец

Милан денес официјално соопшти дека го продолжил договорот со младиот дефанзивец Матео Габиа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


20-годишниот Габиа е дете од школата на „росонерите“ и од оваа сезона тренира со првиот тим, а неодамна дебитираше за Милан.

На последниот меч против Фиорентина беше во стартниот состав и покажа дека станува збор за еден од најголемите таленти на Апенините.

Габиа е цел на многу клубови во Италија, па поради тоа Милан веднаш побврза да му понуди нов договор.

Денес младиот дефанзивец стави потпис и се обврза на верност со „росонерите“ до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хуман гест на играчите на Реал за Флик по загубата на неговиот татко

Барселона на својот домашен терен го порази Реал Мадрид со 2:0 благодарение на головите на…