Дома Фудбал Италија Милан и Јувентус вечерва рушат рекорд!

Милан и Јувентус вечерва рушат рекорд!

Милан и Јувентус вечерва го играат првото полуфинале во Купот на Италија, а тој натпревар ќе биде најпосетеното полуфинале во историјата на Копа Италија.

На стадионот „Сан Сиро“ повторно владее голем ентузијазам иако Милан го изгуби дербито против Интер пред неколку дена. Сепак, екипата после подолго време изгледа добро на теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат медиумите во Италија за овој натпревар кој е закажан за 20:45 часот, продадени се повеќе од 70.000 влезници. Навивачите на Милан брзо ги купија сите влезници и остана само мал дел од местото резервирано за фановите на „старата дама“.

Ова ќе биде прв натпревар од двомечот во полуфиналето, вториот се игра на 4. март во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oткриени нови детали: Алонсо сакал Модриќ да остане, клубот не дозволил

Чаби Алонсо, кој го водеше Реал на Светското клупско првенство во последните натпревари на…