Дома Фудбал Италија Милан донираше 250.000 евра во борба против коронавирусот: Ние сме заедница која се грижи една за други

Милан донираше 250.000 евра во борба против коронавирусот: Ние сме заедница која се грижи една за други

Фудбалскиот клуб Милан донираше 250.000 евра на организација која се бори против коронавирусот.

Како што се наведува во официјалното соопштение на тимот од „Сан Сиро“ донацијата е уплатена на агенцијата АРЕА која се занимава со решавање на вонредни ситуации во здравството во регионот Ломбардија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Постојат поважни работи од фудбалот. Мораме да се грижиме за оние кои се загрозени, треба да бидеме одговорни и да ги следиме препораките на надлжените. Здравјето и безбедноста на нашите навивачи е прв приоритет. Милан е повеќе од клуб, тоа е заедница во која се грижиме едни за други“, изјави директорот на клубот Иван Газидис.

Ќе потсетиме поради епидемијата од коронавирусот натпреварите во Серија А се суспендирани до 3. април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најави ли Наполи дека Елмас ќе биде вечерва стартер во дербито од ЛШ? (Фото)

Вечерва во Лигата на шампионите својот натпревар ќе го игра и Наполи кој ќе се соочи со Ма…