Дома Фудбал Италија Милан донесе одлука за иднината на Манџукиќ

Милан донесе одлука за иднината на Манџукиќ

Раководството на Милан донело одлука да не го продолжи договорот со Марио Манџукиќ, пренесува „Скај Италија“.

Манџукиќ пристигна во јануари во Милан и требаше да биде големо засилување за тимот на Стефано Пиоли, но Хрватот до сега одигра само 158 минути.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Манџукиќ поради повреда долго време е надвор од терените, е пред извесно време медиумите во Италија пишуваа дека последните 10 меча ќе бидат одлучувалки за неговата иднина.

Милан има опција да го продолжи договорот на Манџукиќ на уште една сезона, но веќе донел одлука да се ослободи од Хрватот.

„Росонерите“ сакаат следната сезона да донесат млад напаѓач, кој ќе биде алтернатива за Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …