Германските медиуми тврдат дека Милан е многу блиску до комплетирање на трансферот на хрватскиот репрезентативец Андреј Крамариќ.
Дека италијанскиот гигант сака да го види Крамариќ во своите редови потврди агентот на фудбалерот кој верува дека Звонимир Бобан може да има клучно улога во оваа операција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот играч на Лестер минатата сезона постигна 22 гола во дресот на Хофенхајм и го привлече интересот на бројни клубови, а Милан е спремен да ја победи конкуренцијата.
„Скај Германија“ тврди дека „росонерите“ веќе имаат комплетен договор со Крамариќ и наскоро ќе испратат понуда до Хофенхајм.
Германскиот клуб за слободата на напаѓачот бара 30 милиони евра, а Милан е спремен да понуди 25. Меѓутоа, медиумите тврдат дека разликата може да се „испегла“ со вклучени бонуси.
Milan are close to reaching an agreement on personal terms with Andrej Kramaric and now need find a deal with Hoffenheim, according to @SkySportNewsHD. pic.twitter.com/5Q4DAjAXSf
— TheMilanBible (@TheMilanBible) June 19, 2019