Милан во зимскиот преоден рок беше еден од најактивните клубови во Европа и донесе две големи засилувања.
„Росонерите“ потрошија 70 милиони евра за Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек, играчи кои веднаш го покажаа својот квалитет и почнаа да си ја исплаќаат инвестицијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Милан сака значително да го засили тимот за следната сезона, а спортскиот директор Леонардо веќе работи на тоа. Приоритет ќе биде доведување на крилен напаѓач, а на списокот на „росонерите“ се наоѓаат неколку имиња.
Последните информации од Апенините говорат дека Милан сериозно се вклучил во траката по овогодинешната сензација во Ла Лига, Исмаил Сар.
Сар оваа серона е апсолутен хит во Франија, не само поради својата брзина и техника, туку и леснотијата со која постигнува голови. Имено, Сенегалецот оваа сезона во дресот на Рен има постигнато осум гола и запиша девет асистенции.
За него силен интерес покажуваат неколку европски гиганти, пред се Арсенал, но „росонерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата. „Газета дело спорт“ пренесува дека агентите на Сар викендов биле во Милано и имале средба со Леонардо.
Спортскиот директор на „рососнерите“ сака прво да постигне комплетен договро со играчот, а потоа да започне преговори со Рен. Францускиот клуб за својата ѕвезда бара 40 милиони евра, сума која наводно Милан е спремен да ја плати.