Милан денес и официјално го претстави последното засилување, хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ.
Ребиќ во последниот ден од преодниот рок пристигна во Милан на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт и веднаш замина на репрезентативни обврски, па беше претставен дури денес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За мене Милан е остварување на сонот. Веднаш откако ми се јави Бобан му реков на мојот агент дека сакам по секоја цена да играм за овој клуб. Искуството во Германија ми помогна да се развијам како играч и сметам дека сум спремен за голем клуб како Милан“, изјави Ребиќ.
Хрватот се споменуваше како можно засилување за Интер, а следната недела ќе го игра миланското дерби.
„Не знам дали Интер започна преговори, можеби со мојот агент, мене лично никој не ме контактираше. Следната недела играме против Интер и сакам да победиме како поклон за мојот роденден. Не ми е важно дали ќе играм добро или не, сакам победа во дербито“, изјави Ребиќ.
Loading complete:
— AC Milan (@acmilan) September 13, 2019
? percent Rebić! ?#ForzaMilan pic.twitter.com/LBDFO50dXs