Дома Трансфер зона Милан го договори наследникот на Кеси

Милан го договори наследникот на Кеси

Италијанскиот гигант Милан постигнал договор со Лил за трансфер на португалскиот репрезентативец Ренато Санчезпренесуваат италијанските медиуми.

Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе постигнал договор со Лил за трансферот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


24-годишниот играч за врска блеска во дресот на Лил, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Милан успеа да ја победи конкуренцијата.

„Росонерите“ за неговиот потпис ќе платат 20 милиони евра плус бонуси, а сега останува да ги договорат последните детали со играчот, кој на „Сан Сиро“ ќе заработува 4,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…