Дома Фудбал Италија Милан во недела ќе го води човек кој е само неколку месеци постар од Ибрахимовиќ

Милан во недела ќе го води човек кој е само неколку месеци постар од Ибрахимовиќ

Фудбалерите на Милан во недела на гости ќе го играат дербито од осмото коло во Серија А против Наполи.

„Росонерите“ се во проблеми бидејќи тренерот Стефано Пиоли е заразен со коронавирусот, а утрово позитивен беше и неговиот помошник Џакомо Мурел кој ги водеше тренинзите на Милан во претходните денови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пишуваат дека Пиоли скоро сигурно ќе го пропушти мечот со Наполи, а дополнителен удар е што ниту Мурел не ќе може да биде на клупата.

„Газета дело Спорт“ открива дека Пиоло пронашол ново решение и тренер на Милан ќе биде неговиот втор помошник Даниеле Бонера.

Интересно е што поранешниот фудбалер на Милан е само неколку месеци постар од Ибрахимовиќ кој е главен играч на Милан сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал замина бесен од теренот, иако Барса победи

Крајот на натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид беше одбележан со голот на Роберт Л…