Дома Фудбал Италија „Милан во моментов е посилен од Јувентус“

„Милан во моментов е посилен од Јувентус“

Легендата на Јувентус, Клаудио Маркизио го коментираше престојното дерби помеѓу Јувентус и Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во недела Милан му гостува на Јувентус во големо дерби од Серија А. „Старата дама“ после три кола има само 1 бод, додека „росонерите“ ги освоија максималните 9 бода.

Маркизио очекува неизвесно дерби, но признава дека во моментов Милан е подобар од Јувентус.

„Милан во моментов е посилен од Јувентус. Малдини, Масара и Пиоли вршат одлична работа и конструираа одличен тим. Милан изминатите години имаше потешкотии, но сега се враќа на нивото од минатото“, изјави Маркизио.

„Јувентус е во момент на реконструкција, но треба да покаже дека може да се носи со тимови како Милан кои започнуваат победнички циклус. Ова дерби секогаш е неизвесно и нема фаворити“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар пред натпреварот со Купс остана без двајца фудбалери

На само два дена пред првиот дуел со Купс во воведното квалификациско коло од Лигата на ша…