Милан синоќа одигра само 1:1 против Удинезе на домашен терен, но мечот остана во сенка на големата судиска грешка, бидејќи на гостите им беше признат гол постигнат со рака.
Играчот на Удинезе Удоги играше со рака при постигнување на голот, а ВАР не реагираше, па судијата Маринели го призна голот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема сомнеж, тоа беше чиста игра со рака. Фудбалерот на Удинезе постигна гол со рака. Неверојатно е како ВАР не го виде тоа, тоа е сериозна грешка која се покажа како одлучувачка за конечниот резултат. ВАР е создаден да се избегнат ваквите грешки, па ова е неприфатливо, не е првпат да бидеме вака казнети“, изјави Пиоли.
„Повеќе од јасно е дека имаше игра со рака, Милан е на врвот од табелата, па зарем е можно постојано да ни судат судии дебитанти? Никогаш не е лесно да се суди на Сан Сиро. За жал, судиите прават големи грешки“, бесен беше Малдини.
Udogie to DAZN: “You hesitated in your goal celebration, did you think you scored with your hand? Yes because I saw the assistant referee undecided so I wasn't convinced, but it went well.”pic.twitter.com/GVgL4iEZBU
— Milan Eye (@MilanEye) February 25, 2022