Јулијан Алварез блесна на Светското првенство и беше еден од најзаслужните за освоената титула.
Аргентинецот пристигна минатото лето на „Етихад“ за 18 милиони евра, но не добива голема минутажа.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Аргентинецот не може да се избори за место во стартниот тим покрај Халанд, па е спремен да ја промени средината.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат миланските гиганти, Милан и Интер и да го донесат во своите редови на лето.
Сепак, Сити нема лесно да се откаже од својот „бисер“, Гвардиола сака да го има во тимот и во моментов не е спремен да го пушти.
Притоа, неговата цена порасна повеќекратно, па миланските клубови тешко дека ќе можат да испратат понуда која ќе ги задоволи апетитите на „граѓаните“.