Барселона ја освои титулата во шпанската Примера минатата сезона, но во клубот ја прогласија сезоната како неуспешна поради елиминацијата во Лигата на шампиони.
На „Камп Ноу“ најавија реконструкција на тимот, особено промени ќе има во средниот ред и нападот, па на неколку фудбалери ќе им бие отворена излезната врата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од нив е Артуро Видал, кој минатата сезона не успеа да се наметне во првиот тим, а после доаѓањето на Френки де Јонг неговата минутажа додатно ќе се намали.
За него најсилен интерес во моментов покажуваат италијанските гиганти, Милан и Интер, кои сакаат да го вратат играчот за врска во Серија А.
Чилеанецот пристигна во Барселона за 18 милиони евра од Баерн Минхен, а на 53 меча во каталонскиот гигант постигна три гола и седум асистенции.
Inter & AC Milan Both Interested In Barcelona Midfielder Vidal – SempreInter https://t.co/IFZLKyCakZ pic.twitter.com/ARXTqLTaYO
— Milan Informer (@milaninformer) June 28, 2019