Дома Останати Кошарка НБА Меџик Џонсон ги напушта Лејкерси!

Меџик Џонсон ги напушта Лејкерси!

0

Легендата на Лос Анџелес Лејкерси го напушта клубот после една неуспешна сезона.

Големи беа очекувањата на навивачите на Лејкерси пред почетокот на тековната сезона, но се покажа дека ниту доаѓањето на првата ѕвезда во НБА лигата не им помогна да имаат успех.

Откако екипата остана без пласман во плејофот одговорноста ја превзема легендарниот Меџик Џонсон кој соопшти дека се повлекува од позцијата претседател за кошаркарски прашања.

Џонсон одлуката ја соопшти пред вчерашниот натпревар против Портланд.

Сакам повторно да уживам. Сакам да бидам она што бев пред да ја прифатам оваа работа. Со Леброн Џејмс сме на половина пат. Кога на лето ќе пристигне уште една голема ѕвезда кој и да биде тоа, овој тим ќе се бори за титула“, изјави Џонсон.

Петкратниот освојувач на НБА прстенот ги бранеше боите на Лејкерси од 1970 до 1991 година, а потоа кратко време се врати на терен во 1996 година и повторно го облече дресот на овој тим.

Лејкерси сезоната ја завршија со 37 победи и 45 порази, а за пласман во плејофот им недостасуваа десет победи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Готово: Расел Вестбрук има нов клуб! (ВИДЕО)

Оклахома својот најдобар играч Расел Вестбрук го трејдувала во Хјустон Рокетс, соопшти поз…