Дома Фудбал Останато Меси ќе стане актер во аргентинска ТВ серија

Меси ќе стане актер во аргентинска ТВ серија

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси влегува во актерските води и ќе има споредна улога во аргентинската ТВ-серија „Лос Протекторес“ од која втората сезона ќе излезе наредната година.

Серијата веќе снимила сцени со Меси за втората сезона во Париз. Станува збор за комедија со тројца фудбалски менаџери кои за да избегнат банкрот се обидуваат да соработуваат со голема фудбалска ѕвезда.

Не непознато фудбалерите да влегуваат во актерските води, соиграчот на Меси во Париз Нејмар претходно имаше улога во популарната „Каса де Папел“, а во минатото такви случаи имало и со други фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дембеле се пошегува по шоуто против Сити: Можеби ќе побарам уште еден одмор

ПСЖ со 4:2 го совлада Манчестер Сити, а Осман Дембеле враќањето по паузата го одбележа со …