Дома Трансфер зона Меси ја променил стратегијата – не одговарал на пораките на Бартомеу

Меси ја променил стратегијата – не одговарал на пораките на Бартомеу

Каталонското радио „Кадена Сер“ од минута во минута ги следи случувањата во Барселона, а сега објавува нови детали за ситуацијата на Меси.

Меси во неделата не се појави на тестирањето за коронавирус, а не се појавува ниту на тренинзите кои од вчера ги започна Роналд Куман. По ова на сите им е јасно дека Меси донел одлука да си замине од Барселона во која е 20 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува „Кадена Сер“ претседателот на Барселона, Хозе Бартомеу лично му се јавил на Меси и го повикал на разговор, но Аргентинецот не одговарал на неговите пораки. Ќе потсетиме, Меси неодамна предложил состанок, но добил одговор дека може да се разговара само за продолжување на договорот, а не за негово заминување.

Сега Меси ја променил стратегијата и влезе во отворена „војна“ со управата. Аргентинецот не е во добри односи со управата уште од кога Бартомеу се реши да го доведе Гризман без негово одобрување. Меси тогаш сметаше дека клубот не направил доволно за да го врати Нејмар минатото лето, Бразилецот беше желба на Меси и Суарез и уште неколкумина играчи од соблекувалната.

Роналд Куман по доаѓањето имал состанок со Меси и тој траел околу еден час. Меси од новиот тренер сакал да знае кои играчи ќе бидат доведени ова лето и како ќе изгледа тимот. Куман му одговорил дека нема да има преголеми трансфери, тоа го разочарало Меси кој и самиот не бил задоволен од доаѓањето на Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…