Дома Топ вести Меси јавно го покани Гризман во Барселона: Тој е брилјантен!

Меси јавно го покани Гризман во Барселона: Тој е брилјантен!

Најголемата ѕвезда на Барселона го коментираше евентуалниот трансфер на Антоан Гризман на „Камп Ноу“.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид веќе подолго време се смета за сигурно засилување на Барселона, но во последните денови се појавија информации дека Гризман се уште нема донесено конечна одлука.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Гризман има откупна клаузула од 100 милиони евра, а евентуалниот трансфер во Барселона, според Меси би бил одличен потег на неговиот клуб.

„Не знам дали тој е приоритет на Барселона, но за да ја освоил ЛШ имаш потреба од најдобрите фудбалери, а Гризман е еден од нив. Би било одлично ако клубот го купи. Се завиди од раководството и тренерот. Јас можам да кажам единствено дека Гризман е брилјантен фудбалер и би бил добредојден во Барса“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …