Дома Фудбал Меси: Титулата е во сенка на заминувањето на Иниеста

Меси: Титулата е во сенка на заминувањето на Иниеста

Лионел Меси изјави дека е исклучително среќен поради освојувањето на титулата во Примера, но потенцираше дека таа останала во сенка на заминувањето на Андрес Иниеста.

„Многу сум горд на тимот. Во текот на целата сезона покажавме дека сме многу подобри во однос на останатите тимови и ја заслуживме титулата. Останува жал за неуспехот во ЛШ, бидејќи сметам дека имавме квалитет да го освоиме и тоа натпреварување. За жал титулата оваа година е во сенка на заминувањето на Иниеста, легендарен капитен, кој многу и даде на Барса“, изјави Меси.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Многу ми е мило што заминува како шампион на Шпанија, тоа го заслужува, тој е роден шампион. Многу сум среќен што играв со него и му посакувам се најдобро од срце“, додаде Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …