Дома Фудбал Меси со мајсторски гол ги отвори квалификациите за Светското првенство

Меси со мајсторски гол ги отвори квалификациите за Светското првенство

Јужноамериканците уште сега, три години пред СП, ги започнаа квалификациите за најголемото натпреварување.

Почнаа толку рано поради специфичните квалификации на тој континент, кој е единствена квалификациска група или лига со 10 селекции. Така што тамошните репрезентации играат дури 18 натпревари во борбата за Мундијалот или речиси двојно повеќе од европските.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бранителот на титулата светски првак го одигра првиот официјален натпревар против Еквадор на преполниот Монументал во Буенос Аирес.

Аргентина се мачеше до 78. минута и покрај доминацијата која ја демонстрираа со дури 71 отсто од посед на топка.

Тогаш Лионел Меси (36) ја покажа својата магија. Тој од слободен удар со мајсторски удар го совлада голманот Хернан Галиндез. Тој, како и неговите шест соиграчи во живиот ѕид, само гледаше како Меси го претвора слободниот удар во ремек дело за победа од 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Драма на терен: Поранешен репрезентативец на Италија го гасеше пожарот среде натпревар

Неверојатни сцени се видоа на натпреварот од промотивната лига на Швајцарија меѓу екипите …