Дома Топ вести Меси по стапките на Роналдо – се сели во Италија?

Меси по стапките на Роналдо – се сели во Италија?

После доаѓањето на Кристиано Роналдо во Јувентус Серија А доби на популарност, па многу фудбалери од светска класа се заинтересирани да заиграат на Апенините.

Еден од нив е и Лео Меси, кој уште пред неколлку години се поврзуваше со трансфер во Интер, а „нероаѕурите“ не кријат дека сакаат да го имаат Аргентинецот во својот тим.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Поранешниот соиграч на Меси, Хавиер Савиола смета дека тоа не е невозможна мисија.

„Меси е Барселона, тешко ми е да го замислам во друг дрес, но се е можно. Навивачите на Интер не би требало да губат надеж, но мислам дека е многу комплицирана мисија“, изјаво чегендарниот Аргентинец.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата во минатото често истакнуваше дека кариерата сака да ја заврши во својот матичен клуб Њуелс олд Бојс.

Неговиот трансфер на Апенините во моментов изгледа како невозможен, но веќе се уверивме дека во фудбалот не постои ништо невозможно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чурлинов откако го сруши Копенхаген среде Данска: Не сум само јас херој!

Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов во вчерашниот натпревар на Јагелонија во Данска проти…