Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси после тешкиот пораз: Нема изговор за ваков пораз

Меси после тешкиот пораз: Нема изговор за ваков пораз

Репрезентацијата на Аргентина доживеа тежок удар на стартот од Мундијалот, откако беа поразени од Саудиска Арабија со 2:1.

Капитенот и лидер на „гаучосите“, Лионел Меси не можеше да го сокрие разочарувањето и истакна дека нема изговор за ваков пораз.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Тежок удар за нас и за и нашиот народот. Не очекувавме ваков старт. Се случи тоа што се случи сега треба да мислиме на она што доаѓа и добро да се подготвиме за следните натпревари во групата. Нема изговори. Сега мораме да останеме смирени и обединети“.

„Во ваква ситуација не сме биле долго време и сега треба да покажеме дека навистина вредиме. Не очекувавме да започнеме вака, но некои работи се случуваат со причина. Мора да се подготвиме за тоа што е пред нас, да победиме бидејќи работите зависат само од нас“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Марка: Челзи ја врати Барселона во реалностa

Фудбалерите на Челзи одиграа извонреден натпревар во 5-то коло од Лигата на шампионите, це…