Tренерот на Ајакс Ерик Тен Хаг смета дека Лионел Меси најдобрите настапи ги прикажувал под водство на Пеп Гвардиола.
Гвардиола на клупата на Барселона беше од 2008 до 2012 година и за тој период освои повеќе трофеи. За тие години Меси освои дури четири Златни топки во низа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Меси беше лидер, но работеше и за тимот. Никогаш потоа не играше фудбал како кај Гвардиола. Тој експериментираше, секогаш откриваше нешто ново и тоа на Меси му одговараше“, смета Тен Хаг.
Оваа изјава на Тен Хаг веројатно и е точна затоа што во тој период Меси освои најмногу Златни топки, додека Барселона изгледаше како тим кој е една класа над останатите.