Дома Фудбал Меси и Фабрегас инвестираат во клубот на Пике

Меси и Фабрегас инвестираат во клубот на Пике

Жерард Пике јавно ја изрази желбата еден ден да биде претседател на Барселона, а веќе ги прави првите чекори во управувањето со фудбалски клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пике неодамна стана сопственик на петолигашот ФК Андора, а за почеток доби поддршка од Хироши Микитани – претседател на спонзорот на Каталонците, компанијата „Ракутен“.

Меѓутоа, јапоснкиот милијардер не е најатрактивното име кое ќе инвестира во клубот на Пике. Каталонските медиуми денес објавија дека неговите блиски пријатели Меси и Фабрегас исто така ќе инвестираат во клубот.

Проектот на Пике официјално стартуваше во крајот на 2018 година, а во моментов Андора е на 5-то место на табелата. Целта на дефанзивецот е за неколку години клубот да стигне до шпанската елита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мексико доминантен: Победа над Еквадор и пласман во осминафиналето на СП

МЕКСИКАНСКАТА репрезентација славеше против Еквадор со 2:0, што ги доведе до осминафиналет…