Фудбалот многу брзо ќе се врати во Шпанија, а Лионел Меси ќе продолжи кон своите цели. Аргентинецот е на одличен пат да стане играчот кој најмногу пати бил најобар стрелец во Примера и фудбалерот со најмногу голови за еден клуб.
Секако, прва и основна цел на Меси е одбраната на титулата шампион на Шпанија и обид после пет години да се освои трофејот во Лигата на шампионите. Сепак, капитенот на Барселона има и некои индивидуални планови. Меси сака да сруши два легендарни рекорди на Телм Зара и Пеле.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси во овој момент е прв стрелец на Примера со 19 голови, има пет повеќе од Бензема и е на одличен пат да го освои својот седми трофеј за најдобар стрелец во лигата. До сега Аргентинецот има шест трофеи, како и легендарниот Зара кој кон средината на минатиот век ги тресеше мрежите за Билбао.
Пеле постигна 643 голови за Сантос и никој не постигнал повеќе голови од него за еден клуб. Олго се веруваше дека тој рекорд нема да биде срушен, но Меси сега е блиску. Во дресот на Барселона Меси има 627 голови и можеби рекордот на Пеле ќе падне уште во оваа сезона.