Лео Меси неодамна направи трансфер во ПСЖ, а веќе добива понуда каде да ја продолжи кариерата во иднина.
Англиските медиуми дека Аргентинецот добил понуда од Дејвид Бекам за продолжување на кариерата во американската МПС-лига.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Бекам наводно веќе разговарал со Меси со цел Аргентинецот да ја заврши кариерата во неговиот клуб, Интер Мајами.
Приказните дополнително се интензивираат со фактот дека Меси купи луксузен стан токму во Мајами.
Меси има договор со ПСЖ до 2023 година, а по завршувањето Бекам му нуди да се пресели во неговиот клуб и кариерата да ја заврши во МЛС.
„Оптимист сум дека Меси ќе игра во дресот на Интер Мајами, бидејќи мислам дека тоа ќе го комплетира неговиот мит како најдобар фудбалер на нашата генерација“, изјави косопственикот на клубот, Хорхе Мас.