Дома Фудбал Меси денес доби уште два трофеи!

Меси денес доби уште два трофеи!

Носителот на „Златната топка“ Лионел Меси ја збогати колекција со уште два важни трофеи.

Ѕвездата на Барселона денес ја доби наградата „Пичичи“ за најдобар голгетер во Примера во сезоната 2018/19, како и наградата „Алфредо ди Стефано“ за најдобар фудбалер минатата сезона на Ла Лига.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лео ја добива наградата „Пичичи“ по шести пат, а другата награда му се доделува по седми пат на Аргентинецот.

Меси не присуствуваше на денешната церемонија организирана од „Марка“, па наградите му беа донесени во спортскиот центар на Барселона.

Јан Облак беше избран за најдобар голаман во сезоната 2018/19, додека Јаго Аспас ја доби наградата „Телмо Сара“ за најдобар шпански голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандеш веќе не може да издржи: Бара да си оди, а европски гигант нуди 65 милиони евра за него

Излегоа нови информации според кои се тврди дека Бруно Фернандес веќе не може да издржи во…