Со два постигнати гола и две асистенции Лионел Меси беше најзаслужен за победата на Барселона против Ваљадолид со 5-1.
Со тие два погодока, Аргентинецот успеа да го надмине големиот ривал Кристиано Роналдо, и тоа по бројот на постигнати погодоци на клупско ниво.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси веќе стигна до бројката од 608 гола за Барселона и на тој начин го претекна Кристиано Роналдо со два гола. Португалецот има 606 голови како играч на Спортинг, Манчестер Jунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
Во корист на Меси е и фактот дека до 608 голови стигна само во 695 натпревари, додека Кристиано има одиграно 813 натпревари на клупско ниво.
Роналдо пак води во друг параметар – за општо постигнати голови во кариерата. Португалецот против Болоња го постигна својот 701 гол во кариерата, а Меси моментално има 676 гола.
Lionel Messi has passed Cristiano Ronaldo in total career club goals ? pic.twitter.com/UWi9gx1uVY
— ESPN FC (@ESPNFC) October 30, 2019