Дома Топ вести Меси во договорот со ПСЖ има необична клазула

Меси во договорот со ПСЖ има необична клазула

Лео Меси од вчера е играч на ПСЖ. Се претпоставува дека за ПСЖ потпиша до 2023. година со можност за продолжување на договорот за уште една година.

По сезона ќе заработува помеѓу 35 и 40 милиони евра, во зависност од бонусите. Аргентинецот на аеродромот во Париз го пречекаа илјадници навивачи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


ПСЖ направи се што можеше да го донесе од Барселона, каде Меси растеше 21 година. TyC Sports пишува дека во договорот на Меси има посебна клазула.

Станува збор за настапите во аргентинската репрезентација. На Меси секогаш му е приоритет настапот за репрезентацијата, а поради тоа ПСЖ ќе му овозможи да пропушти натпревари за клубот кога ќе се врати од репрезентативен настап.

Меси со Аргентина ова лето ја освои Копа Америка и тоа му е прв трофеј со репрезентацијата. За Аргентина одигра 151 натпревар и постигна 76 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Поранешен играч на Баерн Минхен ќе го предводи Самсунспор против Шкендија!

Екипата на Шкендија ја очекува европски предизвик против турскиот претставник Самсунспор в…