Дома Фудбал Италија Мендеш: Најдоброто од Роналдо ќе го видиме во дресот на Јувентус

Мендеш: Најдоброто од Роналдо ќе го видиме во дресот на Јувентус

0

Кристиано Роналдо е еден од најдобрите играчи во историјата, меѓутоа последната изјава на Жорге Мендеш е малку изненадувачка.

Мендеш директно порача дека за него Роналдо е најдобриот играч во историјата. Тоа и не е изненадување, но изненадува вториот дел.

Роналдо досега во кариерата освои се што можеше да се освои и играше врвен фудбал, а Медеш тврди дека допрва ќе го видиме најдоброто од Роналдо!?

„Роналдо е најголемиот во историјата. Најдоброто од него допрва доаѓа и тоа ќе го покаже во дресот на Јувентус. Бројките не лажат, руши рекорди веќе долго време и за мене нема никакви дилеми. Покажа дека може да игра каде било и да победува, во Италија, Англија и Шпанија – секаде беше одличен. Покрај тоа со Португалија играше три финалиња на големи натпрварувања и во две победи“, изјави Мендеш.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фото: Гомез заврши со гребнатини по лицито после судирот со Стерлинг

На тренингот на англиската репрезентација пред квалификацискиот натпревар против Црна Гора…