Се чини дека турбулентен период е присутен кај Челзи и Антонио Конте, но своевремено се намалија гласините за заминувањето на Италијанецот од клупата на Плавите.
Меѓутоа, додека таквите шпекулации беа најгласни во италијанските медиуми се појавија информации дека Антонио Конте би можел да се врати на клупата на репрезентацијата на Италија, која е без кормилар од заминувањето на Џампјеро Вентура по неуспехот во изминатите квалификации за СП.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега сепак, менаџерот на Конте одлучи да стави крај на сите приказни за можното враќање во Италија на неговиот клиент.
„Конте веќе имаше искуство, а сега префереира секојдневна работа со екипата. Го гледам во Челзи и следната година, бидејќи неговиот договор важи уште сезона и половина, а тој не сака ништо да остави недовршено“, истакна менаџерот.