Името на Лестер Бо, Мекјелеб вечно ќе остане запаметено во историјата на македонскиот спорт.
Овој човек беше предводник на македонската кошаркарска репрезентација која приреди вистинска сензација на Европското првенство во Литванија во 2011 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мекјелеб денес е член на шпанска Сарагоса, а во разговор за шпанските медиуми помеѓу другото зборуваше и за тоа како се одлучил да игра за Македонија.
„Навистина, да бидам исскрен не се сеќавам како одлучив да земам македонски пасош. Паметам дека имав разговори со некои американски кошаркари кои ме советуваа дека е многу полесно да се направи кариера ако имате пасош на земја од Европа. Во тој период ме побара, Дејан Лекиќ кој тогаш беше секретар во МКФ и јас веднаш ја прифатив понудата“, открива Бо.
Следуваше и прашање за настапот на Европското првенство.
„Тоа се опишува со еден збор – сензација! Во четвртфиналето ја елиминиравме Литванија која беше домаќин. Одигравме одлично и против Шпанија, но за жал не издржавме. Но и покрај тоа, тие моменти никогаш нема да ги заборавам. Во Македонија бевме пречекани од 300.000 луѓе. Цела Македонија беше среќна. Такво нешто не се опишува, се доживува“, објасни Мекејлеб.
Интервјуто на Мекејлеб за шпанските медиуми.