Дома Останати Тенис Медведев стигна го освои Синсинати и стигна до неговиот прв Мастерс во кариерата

Медведев стигна го освои Синсинати и стигна до неговиот прв Мастерс во кариерата

Данил Медведев е победник на Мастерсот во Синсинати откако со 2:0 (7:6, 6:4) го победи Давид Гофан после еден час и 39 минути игра.

Првиот сет беше одлучен после тај-брејк откако двата тенисери направија по еде брејк. Русинот тоа го направи во четвртиот, а Белгиецот во седмиот гејм Во т.н 13-ти гејм подобар беше Медведев со 7:3.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во вториот сет рускиот тенисер веднаш дојде до брејк и до крајот на мечот беше сигурен на свој сервис и така стигна до својот прв трофеј на турнирите од Мастерс серијата.

За Медведев за кого ова е најголем успех во неговата кариера претходно ги освојуваше турнирите од АТП серијата: Токио, Софија, Винстон Салем и Сиднеј.

На новата АТП листа Медведев ќе биде петти тенисер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…