Една од големите ѕвезди на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, се надева дека ќе го запише своето име во историјата на францускиот клупски фудбал со титула во ЛШ.
Мбапе иако има 21 година нанижа многу индивидуални успеси, а на тимски план најголем успех му е освојувањето на Светското првенство со Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва Мбапе со својот ПСЖ против Баерн ќе се бори за првата титула во историјата на францускиот клуб.
„Освојувањето на Лигата на шампионите е причината зошто се приклучив на клубот. Секогаш велев дека сакам да испишам историја во францускиот фудбал. Имам уште една можност да го сторам тоа“, истакна Мбапе/
„Откако се приклучив на тимот во 2017 година имавме многу разочарувања, а сега сме во финалето и тоа само покажа дека јас и ние не се откажуваме како тим. Ќе биде вистинска награда ако можеме да го освоиме натпреварувањето со овој француски тим. Тоа беше моја мисија кога се приклучив на ПСЖ“, додаде Французинот.