Сагата околу преселбата на Мбапе во Реал заврши, но не и војната меѓу Мбапе и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи.
После две години флерт со Реал, Мбапе конечно потпиша за тој клуб и од пред два дена е нивни играч. Тој стана слободен играч, без обештетување премина на Бернабеу и со тоа го налути претседателот на ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мбапе го нападна ПСЖ
„Кога му кажав на претседателот дека ќе заминам на крајот на сезоната, ми се заканија дека повеќе немаше да играм за ПСЖ до крајот на сезоната. Ме спасија тренерот Луис Енрике и спортскиот директор Луис Кампос, никогаш повеќе немаше да стапам на теренот.
Одговор стигна од клубот. Додуша, неофицијално, но за угледниот АФП, кој цитира „сигурни извори од клубот“: „Мбапе нема апсолутно никаква класа. Насер Ал-Хелаифи никогаш никому не му дал најмала наредба поврзана со тимот. Луис Енрике го потврди ова, но и покрај се, штом Мбапе нешто каже, сите го третираат како вистина. Во свое време сè ќе биде откриено, целата вистина. Засега ќе го задржиме нашето достоинство и професионализам за доброто на ПСЖ, Париз, Франција и навивачите“.