Дома Трансфер зона Мбапе новата сезона ќе ја започне со само десет дена тренинг?

Мбапе новата сезона ќе ја започне со само десет дена тренинг?

Килијан Мбапе вчера на сензационален начин беше претставен пред околу 85.000 фанови, а денеска го започна својот одмор.

Иако на конференцијата при презентацијата изјави дека е достапен доколку Карло Анчелоти сака да го однесе на американската турнеја во претсезоната, Реал реши да го испрати Французинот на одмор до 7 август.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мбапе ќе почне да тренира практично на само 10 дена пред почетокот на сезоната во Ла Лига. Одбраната на титулата „кралевите“ ја започнуваат на 18-ти август на гости против Мајорка.

Французинот засега е првото и единствено засилување за Реал пред почетокот на сезоната, додека заминаа Тони Крос (пензија) и Начо Фернандес (Саудиска Арабија).

Покрај Ембапе, Реал Мадрид цели на уште неколку засилувања, а на списокот се – Лени Јоро (Лил), Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен) и Трент Александер-Арнолд (Ливерпул).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …