Репрезентацијата на Франција во петок гостува на домашен терен против Холандија во квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство.
Триколорите утре патуваат за Амстердам, но главна тема на француската јавност е Килијан Мбапе кој денеска го напушти таборот на репрезентацијата, а беше откриено и зошто.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Французите играат фантастично во квалификациите и се на пат да обезбедат пласман на Европското првенство утре доколку победат против Холандија во Амстердам.
Мбапе утрото тренираше со тимот, но не се појави на вечерашниот тренинг. Немаше информации дека е повреден и Французите беа многу загрижени зошто Мбапе не тренира со остатокот од тимот.
Сепак, француската репрезентација реши да се огласи за тоа што се случи на тренингот, односно тоа што капитенот не тренираше со тимот.
Тие објавија дека Мбапе го пропуштил тренингот бидејќи имал дозвола од тренерот Дидие Дешамп, но повеќе информации не сакаа да откријат.
Но, медиумите во Франција набрзо дознаа што се случува и зошто Мбапе мораше да го напушти репрезентативниот камп.
Л’екип објави дека Мбапе имал смртен случај во семејството и добил дозвола да го напушти репрезентативниот камп и да се врати во Париз. Се очекува вечерва да се врати и утре да биде во авион за Амстердам.
Инаку, натпреварот помеѓу Холандија и Франција се игра во петок со почеток од 20:45 часот, а Мбапе најверојатно без разлика на се ќе игра од првата минута.
🚨 Touché par un deuil, Kylian Mbappé a quitté Clairefontaine quelques heures. 😔
— Actu Foot (@ActuFoot_) October 11, 2023
Le capitaine de l'Équipe de France reviendra à Clairefontaine dans la soirée. 🔙
Bon courage dans cet épreuve. 🙏
(@lequipe) pic.twitter.com/luKQoy2BJh