Дома Топ вести Мбапе за својата иднина: Не сакам да одолговлекувам како минатиот пат

Мбапе за својата иднина: Не сакам да одолговлекувам како минатиот пат

Килијан Мбапе често пати е во центарот на вниманието поради неговото заминување од ПСЖ, а и овој преоден рок не е исклучок. Мбапе повторно на големо се поврзува со Реал Мадрид.

Претходно се пишуваше дека Мбапе добил ултиматум од Реал Мадрид до 15-ти јануари да одлучи дали на лето ќе се пресели во Мадрид или во спротивно повеќе овој клуб нема да биде опција за него.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


ПСЖ вчера го освои францускиот Суперкуп, а по оваа средба Мбапе зборуваше за својата иднина.

„Не сум донел се уште одлука за мојата иднина. Во 2022 година не знаев што ќе се случи до мај, сега не сакам да одолговлекувам“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салах навистина сакаше да замине од „Енфилд“: Познато од колку пари се откажа за да го направи тоа

Мохамед Салах и официјално го напушта Ливерпул на крајот од сезоната, со што завршува една…