Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе: Долго го чекав овој момент

Мбапе: Долго го чекав овој момент

Реал Мадрид вчера ја победи Аталанта во Суперкупот на Европа, а Мбапе за кого ова беше прв натпревар во кралскиот дрес го постигна својот прв погодок.

Мбапе во листата стрелци се запиша во второто полувреме кога зголеми на 2:0. По натпреварот францускиот голгетер не го криеше задоволството.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Ова беше прекрасна ноќ…Долго време чекав на овој момент и сега конечно заиграв, постигнав гол и освоивме трофеј. Победувањето и освојувањето трофеи во Реал секогаш е важно, а секако и убаво е чувството кога ќе постигнете гол“, изјави Мбапе.

Верува дека може да постигне многу голови.

„Кога играте во тим како Реал Мадрид не постојат граници. Ако треба ќе постигнам и 50 голови, сепак најважно е да победувате како тим. Секогаш имате простор за напредок, како кај сите така и кај мене. Сега одиме напред и очекувам многу голови и победи“, истакна Мбапе.

Веќе во недела Реал Мадрид го очекува стартот во Ла Лига каде што во првото коло ќе се соочи со Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …