Дома Фудбал Италија Мбапе го расипа славјето – еве како и ги уништи плановите на „старата дама“!

Мбапе го расипа славјето – еве како и ги уништи плановите на „старата дама“!

Монако успеа да постигне гол против Јувентус во полуфиналето од ЛШ, па иако голот на Мбапе не влијаеше врз крајниот исход, сепак ги расипа плановите на „старата дама“ во ловот на рекорди.

Се додека Мбапе не ја затресе мрежата, Јувентус немаше примено гол цели 690 минути, а Џиџи Буфон не беше совладан во Лига на шамиони точно 600 минути. Оваа разлика од 90 минути му припаѓа на голманот Нето, кој бранеше на вториот меч против Динамо во групната фаза.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Така „старата дама“ ја пропушти шансата да ја продолжи својата низа и да го стигне Арсенал кој е апсолутен рекордер со 995 минути без примен гол, од 29 септември 2005 до 17 мај 2006 година.

Кога станува збор за Јувентус, пред голот на Мбапе, последен кој го совладал Буфон беше дефанзивецот на Севиља, Нико Пареха, на 22 ноември 2017 година, на стадионот „Санчез Писхуан“. Иако Пареха го постигна првиот гол, до крајот Јувентус со пресврт победи 3.1 и го освои првото место во Х групата.

Лига на шампиони, серии без примен гол:
995 минути: Арсенал (27.09.2005 – 17.05.2006)
689 минути: Јувентус (22.11.2016 – 09.05.2017)
686 минути: Челзи (03.10.2007 – 02.04.2008)
658 минути: Ајакс (27.09.1995 – 03.04.1996)
623 минути: Милан (02.11.2004 – 04.05.2005).

Доколку Буфон синоќа успееше да ја сочува својата мрежа ќе му се приближеше на Дида на листата на голмани кои најдолго не примиле гол. Легендата на Јуфентус остана на 5-то место, со 23 минути помалку од Дида. Пред нив се Ван дер Сар, Кејлор Навас и Јенс Леман.

Голамни со најмногу минути без примен гол:
853 мин. – Јенс Леман (Арсенал 18.10.2005 – 13.09.2006)
737 мин. – Кејлор Навас (Реал 26.11.2014 – 06.04.2016)
658 мин. – Ван дер Сар (Ајакс 27.09.1995 – 03.04.1996)
623 мин. – Дида (Милан 02.11.2004 – 03.04.2005)
600 мин. – Буфон (Јувентус 22.11.2016 – 09.05.2017)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чаби Алонсо ќе го наследи Анчелоти во Реал

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…