Младата ѕвезда на Монако, Килијан Мбапе ја запали Европа и готово сите европски гиганти се интересираат за овој 18-годишен напаѓач.
Имено, Мбапе уште пред пет години дошол во Реал на инсистирање на Зидан, но не сакал да го напушти домот бидејќи имал само 13 години.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Меѓутоа сега работите се променија, Зидан е тренер и во својот сонародник гледа идеален наследник на Кристиано Роналдо.
Се појавија и слики на младиот Французин на кого Роналдо му е идол, во неговата соба има постери од Кристиано, кого го запознал пред пет години.
Guess who Monaco's Kylian Mbappé idolised growing up… pic.twitter.com/GGchYuMV6i
— CaughtOffside (@caughtoffside) March 17, 2017
Медиумите тврдат дека Мбапе инситира да се пресели во Реал доколку го напушта Монако, па единственото прашање е колку клубот од „кнежевството“ ќе бара за неговата слобода.
Сумите кои се појавуваат во медиумите се помеѓу 60 и 80 милиони евра, а постои и опција Реал да го „капари“ Мбапе и да го остави една сезона да игра во Монако.