Дома Фудбал Мајсторија на Белингем на дебито за Реал, а потоа прослава за историја

Мајсторија на Белингем на дебито за Реал, а потоа прослава за историја

Репрезентативецот на Англија, Џуд Белингем синоќа го имаше официјалното деби за тимот на Реал Мадрид и тоа го направи на одличен начин.

Тој веќе во првиот натпревар покажа дека ќе биде големо засилување за овој клуб и дека на Реал ќе му бидат исплатени 103 милиони евра кои ги платија за него.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Белингем во Реал Мадрид пристигна од Борусија Дортмунд, а му требаше многу малку време за да стане вистински миленик на навивачите на својот нов тим.

Белингем одигра одличен натпревар синоќа против Атлетик Билбао и ги полуде противничките играчи во средниот ред.

Се погрижи се да биде комплетно со спектакуларниот гол што го постигна.

Имено, Родриго го доведе Реал во водство во 28. минута, а Белингем во 36. минута постигна прекрасен гол за 2:0.

По голот тој реши да застане пред навивачите на Атлетик Билбао, а таа фотографија набрзо го обиколи светот.

Фотографијата ја сподели самиот Белингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Ме…