Паулињо минатото лето од Барселона премина во Кина и во новата средина се снајде прилично добро.
Денес Бразилецот одигра одличен натпревар во осминафиналето од азиската Лига на шампоиони против Шандонг Луненг.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Шандог славеше со 2:1 против Гвангжу и се играа продолженија. Кога и тука немаше победник иако видовме два гола (по еден на двете страни) одлучуваа пеналите.
Токму Паулињо го постигна тој гол во продолженијата, како и во регуларниот дел на натпреварот, а беше и сигурен изведувач на пеналот.
И неговите соиграчи беа прецизни од белата точка па Гвангжу помина во четвртфиналето.
Маруан Фелаини беше стрелец на еден од трите гола на Шандонг.